ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кривична пријава за двајца инспектори и командир на Полициската станица Кочани за злоупотреби во врска со дискотеката „Пулс“

Кривична пријава за двајца инспектори и командир на Полициската станица Кочани за злоупотреби во врска со дискотеката „Пулс“

МВР поднесе Кривична пријава до ОЈО ГОКК за двајца инспектори и командир на Полициската станица Кочани за злоупотреби во врска со дискотеката „Пулс“ . Првопријавениот на позиција помлад инспектор-водич на безбедносен реон во Полициската станица Кочани и второпријавениот Г.Л., во време на извршување на кривичното дело на работно место инспектор за прифат-сменоводител, изготвиле записник за сторен прекршок – нарушување на јавен ред и мир за неактивно правно лице ДПТУ Класик ДМ ДОО и на одговорно лице Д.Ј, иако знаеле дека објектот е регистриран како кабаре ПУЛС со одговорно лице М.С. Со ова тие овозможиле имотна корист за правното лице ДПТУУ ММММ Кафе ДООЕЛ Кочани и одговорното лице Митко Стојанов. Третооријавениот пак А.Т, во тоа време командир одобрил и потпишал барање за поведување прекршочна постапка за нарушување на јавниот ред и мир против неактивен правен субјект. Сето ова се случувало во текот на 2023 година. Во пожарот во дискотеката пулс на 16 март загинаа 62 лица.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button