МАКЕДОНИЈА
Кривична пријава за кичевец поради производство и промет на наркотични дроги

ОВР-Кичево поднесе кривична пријава против М.Ѓ.(19) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично делао „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
-При преглед извршен на 26 јануари годинава, полициските службеници кај М.Ѓ. пронајдоа 12 пакувања со марихуана, а при претрес извршен во неговиот дом, дополнително биле пронајдени 19 опаковки од истата дрога, истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.