Кривични пријави против екс директорот на Зоолошката и уште пет вработени
Кривични пријави против екс директорот на Зоолошката и уште пет вработени

Разрешениот директор на Зоолошката градина и уште 5 лица вработени таму ќе одговараат за колење на 12 коњи. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека вчера во просториите на Зоолошката градина припадниците на полицијата наишле на страшни сцени.
Агенцијата за храна и ветеринарство доцна синоќа изврши вонреден инспекциски надзор во Зоолошката градина, каде откри магацин во кој имало неовластена кланица. А во фрижидерите од пронашле 1286 килограми месо од копитари и од живина. Директорот и другите 5 лица инволвирани во овој случај, прекршиле 4 закони, велат од агенцијата за храна и ветеринарство,
Директорот на Зоолошката градина, Кристијан Стаменов, кој вчера беше разрешен од Данела Арсовска, денеска се појави пред камерите за да ја каже својата верзија. Тој остро ги негира тврдењата во јавноста дека е „убиец“ на животни, и тврди дека практика на колење животни во лоша состојба имало и претходно, која се користела како храна за други животни.
Убиените коњи биле запленети од дрвокрадци, шверцери на дрога и други, а од Идризово биле префрлени во Зоолошката градина за да бидат третирани со грижа како другите животни, а не да се колат./Alsat.mk
Еви Шкопи