ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кривичниот суд повторно ќе треба да одлучува за барањето за екстрадиција на поранешниот војник на ОВК, Блерим Рамадан

Кривичниот суд повторно ќе треба да одлучува за барањето за екстрадиција на поранешниот војник на ОВК, Блерим Рамадан

Врховниот суд ја отфрли одлуката на Кривичниот суд во Скопје, кој одлучи да не го екстрадира поранешниот војник на ОВК, Блерим Рамадани, кој Србија го бараше по налогот за апсење издаден од Интерпол поради сомневање за злосторства за време на војната во Косово, пред 25 години. Кривичниот суд повторно ќе треба да одлучува за барањето за екстрадиција. Одлука на Кривичен, според Врховен, е нејасна, неразбирлива и нема релевантни причини за донесување на ваква одлука.

Advertisements

„Кривичниот совет на Секторот за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје при одобрувањето на неговото решение со кое констатира дека не се исполнети законските предуслови за екстрадиција на ова лице, не ги појасни причините по кои се водело кога прифатило постапката поведена врз основа на член 75 став 1 од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја како кратка постапка да се води како редовна постапка согласно член 68 во однос на чл. 51 од истиот закон“, велат од Врховен суд на Република Македонија.

Додека постапката за случајот за екстрадиција на Рамадани почне од почеток, полицијата и судот си вперуваат прст меѓу себе за одговорноста за бегството.
Кривичниот суд образложи дека полицијата е одговорна за надзорот на Рамадани во домашен притвор и тој ним им побегнал. Во меѓувреме, МВР посочува дека со одлуката на судот ефективниот притвор да се замени со куќен притвор е направен преседан.

„Потенцираме дека понатамошното постапување на судот не е надлежност на Министерството за внатрешни работи, туку имајќи ја предвид важноста и сериозноста на делото за кое се товари и имајќи предвид дека се работи за странски државјани, судот одобрува одлука, која државните институции тешко можат да ја спроведат во целина. Имено, мерката куќен притвор за странски државјани на странска адреса на живеење е преседан во досегашната практика“, велат од Министерство за внатрешни работи.

Рамадани беше уапсен на 17 јули на граничниот премин во Јажинца, со потерница распишана од Србија. Две недели остана во притвор во Шутка, а потоа судијата Пајазит Пајазити мерката ефективен притвор ја замени со куќен притвор. За ова Обвинителството поднесе претставка. За жалбата на обвинителството, постапи Кривичниот совет од тројца судии, кои на 14 август ја укинаа одлуката на Пајазити и ја вратија одлуката Рамадани да се врати во Шутка. Меѓутоа, на истиот датум Рамадани избегал. За ова, Судскиот совет формираше комисија, која треба да ја испита одговорноста на Пајазити. Иако од Советот информираат дека работат интензивно, и по една недела од формирањето на комисијата, извештајот за констатираната состојба се уште не е готов./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button