ЕКОНОМИЈА

Кризата во Германија го намали извозот на македонски производи

Германија е наш најголем трговски партнер и секако кризата во оваа држава се одразува и врз македонската економија. Експертите не очекуваат следната година да биде нешто многу поразлична од претходните две во овој поглед, а од текстилната индустрија веќе ги чувствуваат последиците со намалување на извозот за 20-тина проценти. Од Германската стопанска комора, пак, уверуваат дека кризата во Германија нема да се рефлектира врз работните места во германските капацитети изградени во земјава.

Advertisements

Четириесет проценти од вкупниот извоз оди за Германија, а тоа е посебно изразено во текстилниот сектор бидејќи повеќе од 60 проценти од нашиот текстилен извоз оди за Германија.

– Се разбира дека тамошните случувања, падот на економијата, незивесноста со состојбата во Украина, зголемувањето на цените на енергенсите влијае на падот на побарувачката во Германија и луѓето се потешко купуваат текстилни производи. Ова директно значи намалување на нашите нарачки и тоа во услови кога ние и така имавме слободен пад на побарувачката и особено бројот на работници во текстилната индустрија. Ова ќе биде само поголемо, побрзо опаѓање на сите капацитети во текстилната индустрија во Македонија, вели во изјава за МИА Ангел Димитров од текстилната компанија „Мода“ и дел од Организацијата на работодавачи на Македонија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button