ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Крст во Табановце подгрева верски тензии

Табановце. Мало погранично село, но последните неколку дена доби внимание поради верски разлики.

Advertisements

Крст лоциран во кумановското село Табановце ги испровоцира околните жители. Дојдовме во селото и разговаравме со жителите. Некои велат дека тоа е приватна инвестиција, а други дека е придонес од жителите.

На селаните не им беше јасно кој го донел крстот во селото. Велат дека тоа го направила некоја фирма, а собрале и пари. Со жителите од околните села имале тензии бидејќи таму се градат џамии и овде ќе се поставува крст.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски ги отфрла тврдењата и обвинувањата дека општината го финансирала, поддржувала или извршила поставувањето на крстот. Димитриевски рече дека легализирал неколку џамии во градот, но оти со поставувањето на крстот некој сега се обидува политички да профитира со делење на граѓаните по верска основа.

Крстот ќе биде промовиран на Ѓурѓовден. Во Куманово слични крстови има во населби главно населени со православни Македонци.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button