СПОРТФУДБАЛ

Крстевски и Адеми за лесна победа против Гибралтар

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година ја запиша и третата победа во Групата Ц од квалификациите за ЕП 2025, триумфирајќи на гостувањето против аутсајдерот Гибралтар со 0-2.

Advertisements

Целокупната своја задача на денешниот меч избраниците на Драган Канатларовски си ја завршија уште во првото полувреме кога беа постигнати двата погодоци.

Најпрво, во 24. минута, Ване Крстевски ја искористи грешката на домашниот голман, и постигна убав погодок со шут од 18 метри за водство од 1-0.

Во 42. минута брз напад на македонските фудбалери кој умешно го круниса со гол Фитон Адеми. Македонија на две кола до крајот на квалификациите има 9 бода во групата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button