ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Крсто Мукоски ја тужи Македонија за притворот, може да се опари со неколку илјади долари!

Владата не открива дали државата ќе се спогоди со Крсто Мукоски откако тој ја тужеше земјава во судот за човекови права во Стразбург. Откако екс-пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ беше амнестиран на крајот од 2018 – та година затоа што ги отвори собраниските врати на 27 – ми април и се случи насилството, Мукоски сега бара државата да му плати отштета. Смета дека бил незаконски притворен бидејќи имал пратенички имунитет. Од Министерството за правда велат дека засега постапката е тајна.

„Секоја вакава постапка може да заврши со спогодба. Роковите ги определува судот“, велат од Министерство за правда.

Сега Владата треба да прати одговор до Стразбур на следниве прашања од судот:

Предмет „Мукоски против Македонија“
„Дали наводното лишување од слобода и приведување на апликантот на 28 ноември 2017 година биле во согласност со постапката пропишана со закон бидејќи во тоа време тој уживал и се повикувал на неговиот пратенички имунитет?“

„Дали причините дадени од судовите биле доволни за притвор?“

Поранешната судијка во судот во Стразбург објаснува дека постои инструментот наречен „пријателско спогодување“.

Секако државата мора да си направи проценка поради тоа што таа треба да го склучи тоа пријателско спогодување. Значи државата сите елементи што се во предметот, околностите на предметот, сè што е релевантно го цени и одлучува дали ќе се пристапи кон тоа пријателско спогодување или не – изјави Маргарита Цаца Николовска, поранешна судјка во Стразбург.

За да гласа за промена на уставното име на државата, Крсто Мукоски беше амнестиран од вина во случајот 27 – ми април, заедно со неговите колеги пратеници од ВМРО – ДПМНЕ, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски. За разлика од нив, останатите 16 обвинети беа осудени на вкупно 211 години затвор за терористичко загрозување на уставниот поредок.

Бојан Стојановски

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button