МАКЕДОНИЈА

Кртолица: Парламентарни заедно со втор круг претседателски избори, изводлива варијанта за да се запазат роковите

Доцентот на правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ, Марко Кртолица, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, рече дека варијантата во ист термин следната година да имаме претседателски и парламентарни избори би можело да е остварливо само ако нивните термини се усогласат за време на вториот круг од претседателските избори.

Advertisements

„Ако одиме на предвремени парламентарни избори прашањето околу роковите со претседателскиот стануваат беспредметни бидејќи тука ќе може да се темпира предвремените парламентарни избори да бидат организирани заедно со вториот круг на претседателски избори. Доволно навремено за да може да се избере нов претседател пред истек на мандатот на стариот“, вели Кртолица.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button