Крводарителска акција на вработени во Кипер маркет од Желино

Шеесетина вработени во администрацијата на Кипер маркет во Желелино, Тетово, се приклучија на крводарителската акција за Институтот за трансфузиологија. Ваквото дејствување во време на пандемија, кога бројот на луѓе на кои им е потребна крв е зголемен, Институтот го опиша како сосема соодветно и го поздрави овој чин. Пациентите никогаш не треба да чекаат за крв, туку крвните единици треба да ги чекаат пациентите, рече претставникот на компанијата Кипер, кој додаде дека оваа акција има за цел да ја подигне јавната свест за важноста на ваквите акции за дарување крв за да се спасат животите на луѓето.
„Ваквите активности што ја имаат оваа важност се континуирани во корпусот на нашите активности и заложби за јавна свест и тоа не карактеризира како организација. Му благодарам на Институтот за трансфузиологија што ни овозможи да им помогнеме и да ги изразиме нашите етички, морални и човечки вредности. Многу е важно да се знае дека крвта треба да го чека пациентот, а не обратно“, рече Хекуран Реџепи, адвокат на компанијата Кипер.
„За нашиот институт ова е голема благодарност, но истовремено и за пациентите кои ја чекаат оваа крв што се во третман или во разни операции, така што ќе биде исклучително голем успех и една грижа помалку за примателите на оваа крв што ќе се собере денес“, изјави Екрем Исмани – раководител на одделот за трансфузиологија во Тетово.