Кржаловски за условувањето на Алијанса: Национализмот губи на изборите во Бугарија

Политичкиот аналитичар, Александар Кржаловски, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, коментирајќи ги изјавите на актуелниот лидер на партијата Алијанса, кој поддршката за уставни измени ја услови со бришење на уставната одредница 20% и нејзина замена со – албански јазик, оценува дека играњето на картата на национализам не покажува успех, барем кога се гледаат примерите со политичките партии во соседството.
„Би верувал во тезата дека токму поради неуспехот на локалните избори сега се бараат начини да се биде повторно во јавноста, условно речено, со порадикални барања, за да се придобие повторно некое членство назад…но со примерот во Бугарија видовме дека тоа помалку носи резултати. Каракачанов четири пати не успева да влезе во Парламент, Има таков народ се возеше на тоа. Доби еднаш, па драстично падна на следните избори“, рече Кржаловски.