ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

КСС: На аминистрацијата ѝ следуваат повисоки плати

Владата и Министерството за труд и социјална политика не го почитуваат Законот за минималната плата, вели претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати Благоја Ралповски. Тој во неделното интервју за Радио Слободна Европа, тврди дека ниту една плата во администрацијата не е усогласена со минималната плата иако тоа го предвидува законот. Доколку се усогласени платите, со последното покачување на минималната наставниците во основното образование треба да земаат плата од 37 илјади денари вели Ралповски.

Advertisements

„Ако еден наставник во основно образование, при основна плата со колективен договор од  9.300, имал коефициент на сложеност  2.503, земал 20 илјади денари плата. Сега доаѓаме до ситуација во која минималната плата треба да се помножи со тој коефициент и еден наставник да зема 37 илјади денари плата. Тоа важи и за административните службеници и за вработените во јавните претпријатија и за акционерските друштва коишто ги формираше државата, а верувајте никаде по вертикала не се усогласени платите“, рече Благоја Ралповски- Претседател на Конфедерација на слободни синдикати.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button