ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

КСЗД утврди дискриминација по основ на национална припадност за основање на здружението „Ванчо Михајлов”

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврди дискриминација по основ на национална и етничка припадност за основањето на здружението Културен центар „Ванчо Михајлов” – Битола, соопшти Весна Бендевска, членка на Комисијата на денешната прес-конференција.

Advertisements

КСЗД утврди и индиректна дискриминација извршена од страна на Министерството за правда, поради пропуштање на извршување на своите законски надлежности, со коишто му овозможиле на Здружението да врши дејствија спротивни на Законот.

Комисијата постапи по овој случај по претставка поднесена од Сојузот на борците – ОО Битола од народноослободителната и антифашистичката војна на Македонија 1941-1945 година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button