Кучиња-скитници талкаат низ Скопје, од „Лајка“ бараат трпение уште 3-4 години!
Кучиња-скитници талкаат низ Скопје, од „Лајка“ бараат трпение уште 3-4 години!

Според официјалните податоци, бројот на кучиња-скитници во главниот град достигнува неколку илјади. Граѓаните велат дека не се сите кучиња агресивни, но некои од нив ги плашат, бидејќи имало случаи кога сведочеле на напади, особено врз деца..
„Има многу. Кој ги закача, тие ги лаат. Стануваат опасни кога децата ги закачаат. Јас не се чувствувам загрзоен бидејќи не сум имал проблем. Ги закачаат децата, па тие реагираат“, рече еден жител.
„Има, се гледа дека има. Не се сите диви, но има и ситуации кога се агресивни. Веројатно влијае кога се гладни, тогаш се поагресивни. Ги плашат децата“, нагласи друг жител.
Од јавното претпријатие „Лајка“ од наредната недела ќе бројат колку кучиња-скитници приближно има низ Скопје. Од оваа компанија велат дека 3 општини го немаат потпишано договорот и им должат околу 9 милиони денари. Директорот на оваа институција вели дека за да им се помогне на сите општини под Град Скопје, површината и капацитетите би требало да бидат најмалку три пати повеќе од она што го имаат во моментов. Тој бара од граѓаните да бидат трпеливи, бидејќи резултатите од работата ќе се видат по 3 или 4 години.
Директорот на „Лајка“ вели дека кучињата не се стерилизирани веќе две години и тоа предизвикало во тој период нивниот број многу да се зголеми. Кучињата кои се заловуваат, по еден месец третирање, доколку не можат да најдат семејство за вдомување, се враќаат на местото каде што биле земени. Според МВР, бројот на пријавени каснување е намален за 20%./Alsat.mk
Еви Шкопи