ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кучињата во Струга биле убиени со чифте

Полицијата сомничи 62 годишен жител на струшкото село Ливада со иницијали М.З. дека вчера во периодот од 06.45 до 07.15 часот на улица „Владо Малески“ во Струга со огнено оружје убил седум кучиња скитници. Одземена му е ловечка пушка сачмарка калибар 16 милиметри. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Здружението за заштита на животни, Анима Мунди, вчера објави видео, како лешеви од убиени кучиња се собрани во приколка од трактор за да бидат однесени во депонија. Тие тврдат дека и денеска повторно со огнено оружје од страна на две лица, биле убиени улични кучиња.

Advertisements

„За нешто помалку од 24 часа се убиени повеќе од дваесетина бездомни кучиња и сè повеќе е очигледно дека убијците немаат намера да запрат, а МВР очигледно е незаинтересирано и неспособно да се справи со каубојците во Струга“, реагираа од „Анима Мунди“.

Инаку нападите на кучиња скитници врз граѓани последниов период зема алармантни размери во Струга. Само вчера имало напади врз десетгодишно дете, 39 годишник и 61 годишен жител на селото Калишта.

„Иако не е единствениот, еден е од најактуелните и поголемите проблеми, со кој се соочуваме и којшто мора да биде на приоритетно место за негово решавање…“, рече Ана Наумоска, Здружение Аква Струга.

Од општината велат дека работат на решение, но оти морало да им помогне централната власт бидејќи не располагале со професионално лице за заловување на кучиња. Од 2019 година до денеска, според полицијата биле регистрирани најмалку 73 напади.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button