ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ќучук: „Неделава или следната уставните измени ќе влезат во Собранието во Скопје“

Бугарскиот европратеник кој е известувач за Македонија во Европскиот Парламент, Илхан Ќучук, има информации дека земјава во текот на овие две недели ќе продолжи со уставните измени во Владата и во Собранието. Тој тоа го потврди за бугарскиот медиум БТВ.

Advertisements

„Оваа или во текот на наредната недела конкретните предлози треба да бидат ставени во работната комисија на Владата и да се разгледаат во македонскиот Парламент“, вели Ќучук.

Но, за власта во Скопје, нема рок за ова. Ниту премиерот не посочува на која владина седница ќе поминат нацрт-амандманите за уставните измени кои според него, со недели се во подготвителна фаза од службите.

Предлог-амандманите работната група ги состави пред околу еден месец. Тие предвидуваат во Уставот да бидат вклучени Бугарите, Црногорците, Хрватите, Словенците и Евреите. Дотогаш во Собранието од време на време се одржува продолжение на некоја стара седница и некоја комисија, но во најголем дел оваа институција чека.

Уставните измени кои треба кои никако не можат да стигнат во Собрание ги оставија законодавците речиси без работа. Во последниот период координаторите на пратеничките групи ретко излегуваа пред медиумите за да ги најават приоритетите на следниот период. Тука треба да се земе предвид фактот дека август е месец на колективен одмор на Собранието и во тој месец во Собранието ништо не функционира.

Процедурата за уставни измени, од влегување во Парламентот до евентуално одобрување, може да трае од 4 до 6 месеци.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button