СВЕТ

Кулеба и Лавров ќе разговараат во Турција

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба пристигна во Турција на разговори со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, бидејќи руската инвазија на Украина влегува во третата недела.

Advertisements

Украинското Министерство за надворешни работи на Твитер објави дека Кулеба ја започнал посетата на Турција, каде со Русија ќе разговара за прекин на непријателството и за ставање на крај на војната против Украина.

Средбата се одржува еден ден по рускиот напад на породилиште во опколеното украинско црноморско пристаниште Мариупол, во кој беа ранети најмалку 17 луѓе и предизвика бран на меѓународна осуда.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button