СПОРТФУДБАЛ

Куман: Холандија е еден од фаворитите за титулата

Селекторот на Холандија, Роналд Куман, тврди дека неговата селекција е еден од фаворитите за титулата на ЕВРО 2024. Куман, кој како играч беше шампион на Европското првенство во 1988 година, верува дека годинашниот турнир е иззамнет и дека неговата селекција е меѓу конкурентите.

„Според мене, нема голем фаворит, можеби францускиот тим е малку подобар од останатите затоа што имаат големо искуство и веќе имаат освоено големи турнири. Но, мислам дека тоа ќе биде отворена битка меѓу различни нации – и една од нив е Холандија“, изјави Роналд Куман.

Селекторот на „лалињата“ има сомнеж и околу повредите на дел од полските репрезентативци.

„Сè уште очекувам да играат со двајца напаѓачи и ги анализиравме сите нивни играчи. Ги знаеме нивните напаѓачи и што можат да донесат. Секогаш е важно да започнете добро во првиот натпревар и да победите. Ако можете да го направите тоа на начин што сте го планирале, тогаш е уште подобро, многу е важно да се постигне добар резултат“, потенцираше Куман.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button