ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Куманово, Aлбанскиот се брише од потврдите

Куманово/ Aлбанскиот се брише од потврдите

Една докторка од Здравствениот дом во Куманово порачала потврдите за вакцини да бидат само на македонски јазик. Ова предизвика револт кај вработените кои за Алсат ја пријавија оваа незаконската наредба.

Advertisements

Немам ништо против двојазичноста, но до денес сме издавале потврди на македонски јазик, а денес на два јазика. Немате потреба да ги испомешате работите. Отсега тие ќе се даваат како досега и никој нема да се сети да ги побара (на два јазика).

Директорот на Здравствениот дом во Куманово, Седат Зилбехари призна дека постои незаконска наредба од една докторка, но се правда дека тоа е привремено и дека наскоро потврдите ќе се издаваат на два јазика. Освен потврдите за вакцините на во Здравствениот центар во Куманово и распоредите на учениците кои треба да примат вакцини се само на македонски јазик.

„Речиси сите официјални потврди и документи издадени од нашата установа се веќе на два јазика, а за поканите за вакцинација би сакале да појасниме дека во моментов се во оптек дел од материјалите кои се нарачани и испечатени пред оваа реорганизација . За да не трошиме непотребно јавни средства, ги користиме до завршување на постојните количини“ – Дом за јавно здравје во Куманово.

Вработените во оваа институција претходно се жалеа на непочитување на албанскиот јазик во рамките на оваа институција, И неунапредување на албанските кадри. Против поранешниот директор поднесена е и кривична пријава за вработување спротивно од законот.

Линда Ебиби

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button