ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Куманово, дискриминација во музичкото училиште

Куманово, дискриминација во музичкото училиште

Незадоволни родители, наставници и ученици Албанци од основното музичко училиште „Панче Пешев“ во Куманово. Тие се жалат на дискриминација по етничка основа од страна на директорката Сандра Зојчевска, која пред неколку дена ги спречила учениците дури и да го претставуваат училиштето на концерт. Наставниците Албанци се жалат на преоптоварено работно време, немање кадар и немање на одобрение за работа.

Advertisements

„Често се случувало да влезе во мојот клас, со многу недолично однесување, дури и пред очите на учениците. Не знам како да им го објаснам нејзиното однесување бидејќи нема добри зборови за таквото однесување. Честопати дури имам поплаки од родители дека децата биле истрауматизирани од настаните што се случиле меѓу мене и директорката. Тенденцијата е нашиот број да биде што е можно помал, да нема ученици. Уништувањето на паралелката е главна цел на директорката. Моментално годинава имам часови надвор од нормалниот број, надвор од полниот фонд“, рече Аријана Јашари, наставничка.

Рига Хасани вели дека токму поради овие настани во училиштето сакала да ја прекине наставата.

„Ако не го знаеме македонскиот јазик нè игнорираат. Треба да се разбереме на англиски ако професорот го знае или да зборуваме македонски колку што знаеме ние. Хамерите нè тераат да ги пишуваме и на македонски, кога тие нивните хамери не ги пишуваат и на албански јазик. Воопшто не се чувствував добро, сакав да не го продолжам музичкото училиште, сега сум шеста година и благодарение на моите родители продолжив, вредеше“, додаде Рига Хасани, ученичка.

И членовите на семејствата на учениците се револтирани поради етничката дискриминација. Бараат надлежните институции да преземат мерки за решавање на проблемите.

„Многу работи што мојата внука ми ги кажа се негативни за ова време, во овој век. Ова се случувало во времето на Југославија, а во овој век според мене не е нормално“, рече Сабедин Џемаили, роднина.

Пред неколку дена десетици ученици Албанци од „Панче Пешев“ во Куманово не го изведоа концертот со сериозна музика што требаше да се одржи во Центарот за култура. Според родителите и наставниците Албанци, причина било однесувањето на директорката на училиштето, Сандра Зојчевска, која, како што велат наставниците, наредила учениците да не се претставуваат како ученици од мајчиното училиште, паралелка на албански јазик. Алсат телефонски ја контактираше директорката. Пред да разбере за што ја бараме комуникацијата со неа беше многу добра, а во моментот кога покажавме дека сме новинари, рече дека е во странство и оти можеме да ја бараме после понеделник./Алсат.мк

Мелихате Рустеми

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button