МАКЕДОНИЈА
Куманово има пари, но не за сервисирање на долгови од пренесени надлежности, вели Димитриевски

Куманово пред четири години беше меѓу најзадолжените општини, но денес е потполно стабилна, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, градоначалникот на оваа општина, Максим Димитриевски. Како што рече тој, општинската каса има доволно средства, но тие пари не сакаат да ги трошат за сервисирање на долгови за струја од пренесени надлежности.
„Општините, вака како што се поставени работите со енергетската криза, ќе имаат сериозен проблем да состават буџети кои во својата рамка мора да ја имаат и развојната компонента на капиталните инвестиции“, рече Димитриевски.