Куманово, настава во импровизирани училници

Средното техничко училиште во Куманово, по албански јазик, го развива наставниот процес во импровизирани училници со бараки. Сликите покажуваат дека околу 40 ученици во клас со минимални услови, секојдневно се соочуваат со тешкотии во текот на образовниот процес. Интересот на учениците за техничките и медицинските области е многу висок, но недостатокот на оптимални услови го отежнува образованието. Иако објектот беше импровизиран како привремено решение, речиси 10 години се одвива настава на овие простори. Директорот на училиштето, Неџмедин Салиу вели дека ситуацијата станува уште потешка како резултат на пандемијата, каде што одржувањето дистанца е речиси невозможно.
„Објективните услови на физичкиот објект се проблематични. Зградата е многу стара, не е прилагодена за часови и настава. Има потреба од повеќе санитарни јазли бидејќи имаме многу ученици“, изјави Неџмедин Салиу, директор на ОСТУ „Наце Буѓони“, Куманово.
Повеќе од 10 години се ветуваше дека едно од средните училишта, гимназијата „Сами Фрашери“ или техничкото училиште ќе биде префрлено во поранешната државна касарна, во близина на економското средно училиште, но досега не е преземено конкретно во оваа насока. Салиу ја обвинува локалната власт.
„Немаме одговор 11 години. Градоначалникот е одговорен за трансферот на училиштето, но тој никогаш не ме прашал за да му кажам кој е одговорот и што треба да се направи. Колку и да работиме, колку и да даваме пари, да трошиме и да се прилагодуваме, основата на оваа зграда не е за училиште“, нагласи Неџмедин Салиу, директор на ОСТУ „Наце Буѓони“, Куманово.
Од општина Куманово побаравме став до каде е постапката за префрлање на училиштето во поранешната касарна, но досега не добивме одговори на прашањата упатени во елекетронската пошта на општината. Во средното техничко училиште, настава на албански јазик посетуваат над 1.170 ученици поделени во 38 паралелки и три основни насоки: машинско, електро и медицина. Условите и кабинетите за практична работа се прилагодени во подрумските простории. За разлика од наставата по албански јазик, училиштето за македонски јазик има преполовен број ученици, по европски стандарди.
Адриан Керими