ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Куманово, патишта блокирани од машини за изградба на пругата, жителите на протест – Интервенира полицијата

Куманово, патишта блокирани од машини за изградба на пругата, жителите на протест – Интервенира полицијата

Жителите на кумановската населба Ново Куманово го затвораат патот низ кој минуваа тие и нивниот добиток. Во моментов на овој простор се гради пруга што води кон Бугарија. Жителите не се против пругата, но бараат да им се остави мал простор, колку да поминат. Во спротивно, тие се принудени да пешачат речиси два километри до главниот пат, ризикувајќи ги животите и на добитокот и на возачите.

Advertisements

„Ни треба пат да ги однесеме овците и кравите на пасиште. Имаме 30 хектари сопствено земјиште и сега „Македонска железница“ ни го попречува патот.

Дали имавте излез овде?

Тука имавме излез и влез.

И сега со затворањето на овој пат што ви се оневозможува?

Со затворањето на овој пат сега останува само да ги земеме животните и да ги испратиме на пазар, немаме друг излез„, рече “, рече Али Абази – Жител.

„Ние само го бараме тој пат. И да треба државата да постави рампа, ние не бараме ништо друго.
А кога жителите излегле да видат што се случува, полицијата уапсила еден од нив„, нагласи Севдаил Абази – жител.

„Ја оставив колата на улица, ми рекоа да ја преместам колата или ќе го повикаме „пајакот“. Излезе синот на вујкото и без причина го фатиле, го привеле и го однеле во полиција„, рече Али Абази – Жител.

Алсат побара став од Македонски железници за барањата на жителите, но засега не добивме одговор./Алсат.мк

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button