ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кумановското обвинителство ќе покрене истрага за скандалот со дивата рафинерија

Во истрагата за скандалот со дивата рафинерија во Костурник, се ангажирани и државните истражни органи. Се очекува Основното јавно обвинителство Куманово да отвори предистражна постапка, додека Секторот за економски криминал во СВР Куманово чека знак за незаконски злоупотреби. Заменик началникот на СВР Севдаил Џафери, рече дека се во координација со истражните органи за преземање мерки.

Advertisements

„СВР Куманово е во состојба на подготвеност, во моментов никој не побарал полициска асистенција. Можеме да се вклучиме и да работиме врз основа на информациите што ги добиваме од медиумите или граѓаните“, вели Севдаил Џафери, заменик началник на СВР-Куманово.

Иако зградата на СВР-Куманово е во непосредна близина на зградата на ОЈО Куманово, веќе три дена обвинителството не е писмено известен дека во село Костурник се врши сомнителна незаконска активност. Во меѓувреме од обвинителството велат дека ќе покренат предистражна постапка според допрен глас.

„Основното јавно обвинителство Куманово ќе започне со собирање податоци од сите надлежни институции за испитување на околностите под кои е изграден објектот, поставувањето на опремата и увозот на материјали од странство. Покрај инвеститорот, ќе се истражат и надлежните органи кои молчеа во текот на истрагата. Доколку се утврди дека има прекршок, ќе отвориме предмет, за што навремено ќе бидете известени“, наведуваат од Основно јавно обвинителство – Куманово.

На инвеститорот му се заканува кривична пријава за загадување на животна средина, за изградба на објект без дозвола, додека органите кои една година не ја спречуваа изградбата на оваа фабрика се очекува исто така да бидат повикани на одговорност.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button