

По осум дена без вода кумановци ја добија потребната потврда од Агенцијата за храна и ветеринарство дека водата е безбедна за пиење.
Граѓаните здивнаа, не мораа веќе да купуваат флаширана вода за пиење. Општата болница повторно примаше пациенти, објектите од детската градинка и домот за стари лица како институции веќе не мораа да набавуваат вода за најмалите и највозрасните.