СПОРТФУДБАЛ

Кунде одби 60 милиони евра од Ла Лига, за да замине во Лондон

Средниот бек на Севиља, Жил Кунде е еден од најбараните играчи на пазарот. Сепак, се чини дека 23-годишниот играч на шпанскиот тим има избрано каде сака да замине.

Според TMW, французинот пред една година одбил понуда од Тотенхем од 50 милиони евра. Понуда од 60 милиони евра достави и Барселона, но Кунде сака само трансфер во Челзи. Екипата е Лондон е подготвена да понудат 55 милиони евра, плус 5 милиони евра како бонуси.

Барселона сè уште не се откажала од Кунде, но се чини дека играчот е сигурен дека следното лето ќе направи трансфер во Челзи, откако тој трансфер пропадна на последниот ден од минатогодишниот преоден рок.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button