СПОРТФУДБАЛ

Куп на Македонија, дербито ќе се игра на „Петар Милошевски“

Освојувачот Македонија ЃП ќе има „трнлив“ пат кон 1/4 финалето во Купот. Бранителот на трофејот од минатата сезона оди на гости кај Вардар на стадионот „Борис Трајковски „Црвено-црните“ ќе настапат без капитенот Дарко Мицевски, кој на мечот со Работнички доби повреда на коленото, најверојатно станува збор за скинати лигаменти.

Advertisements

Дербито ќе се игра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Работнички го чека меч против Шкендија, еден од фаворитите и за титулата и за Купот. Ждрепката сакаше во 1/8 финалето да има езерско прволигашко дерби меѓу Воска Спорт и Струга ТЛ.

Интересно ќе биде и во Битола каде што Пелистер го очекува тежок меч со Тиквеш. Тежок предизвик и за АП Брера, кој ќе бара одмазда против Гостивар за поразот во првенството пред неколку кола.

Брегалница има лесна задача на хартија, и игра со нисколигашот Јанг Тим од Струга. Шкупи го чека меч со Охрид во скопски Петровец, додека Силекс на свој терен го пречекува третолигашот Башкими.

КУП НА МАКЕДОНИЈА, 1/8 ФИНАЛЕ

Струмица: АП БРЕРА – ГОСТИВАР

Штип: БРЕГАЛНИЦА – ЈАНГ ТИМ

Битола: ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ

Скопје, ФФМ: РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА

Скопје, с. Петровец: ШКУПИ – ОХРИД

Кратово: СИЛЕКС – БАШКИМИ

Скопје, Маџари: ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП

Охрид: ВОСКА СПОРТ – СТРУГА ТЛ

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button