ЗАБАВА
Купил злато вредно 5.000 евра и заборавил каде го сокрил

„Луѓе, јас сум целосна будала“, рече младиот инфлуенсер Џонас на почетокот на видеото на TikTok.
Тврди дека купил злато во минатото, но со текот на времето заборавил на тоа, а сега не знае каде го сокрил?!
Признаваме, приказната звучи надреално, особено ако се земе предвид дека тој наводно го оставил златото некаде во станот.
Видеото е прегледано повеќе од 2,6 милиони пати, а во центарот на вниманието се шипките платени 5.134 евра, пренесува Фокус.
„Смислив скриено место во станот, златото купено пред три години да биде безбедно. Сега заборавив каде е тоа место. Немам поим“, рече тој.
На крајот заклучува дека потрагата е залудна и дека некој иден станар ќе биде пресреќен ако го најде скривалиштето.