ВЕСТИРЕГИОН

Курти: Дел од полицајците се повлекуваат од општинските згради на северот на Косово

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека неговата Влада ја потврдила подготвеноста за деескалација на ситуацијата на северот на земјата, каде живее мнозинско српско население, односно дека ќе го намали бројот на полицајци лоцирани во и околу општинските згради.

Advertisements

Сепак, како што прецизираше, полицајците нема да се повлечат од општините на север, туку само ќе бидат распоредени на други локации.

„Затоа, 25 отсто од полицајците ќе бидат префрлени на други локации во истите општини и ќе продолжат да ја вршат својата должност таму каде што има поголема потреба, бидејќи сметаме дека состојбата во близина на општинските згради е релативно помирна во последните две недели“, рече Курти на седницата на Владата одржана денеска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button