ВЕСТИРЕГИОН

Курти и Ескобар разговарале за ситуацијата на северот на Косово

Премиерот на Косово Албин Курти и специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар разговараа за актуелната ситуација и неодамнешните случувања во Приштина, особено во северниот дел на Косово. Во соопштението е посочено дека на средбата било нагласено дека итно да се отстранат барикадите на патиштата.

Advertisements

„На средбата се разговараше и за односите меѓу Косово и Србија, за процесот на дијалог и за патот кон целосна нормализација на односите меѓу двете земји“, се наведува во соопштението.

Претходно по средбата со Курти Ескобар во куса изјава за медиумите рече дека тоа е рутинска посета на Косово. „Немам коментар. Дел сум од рутински ангажман овде. Ние сме добри партнери и убаво е да останеме во постојана комуникација. Ќе имам повеќе да кажам подоцна, бидејќи ќе имаме уште неколку состаноци“, им рече тој на новинарите.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button