
Косовскиот премиер Албин Курти и претседателот на Србија Александер Вучиќ се очекува на 2 мај во Брисел да ја потпишат декларацијата за исчезнати лица од војната на Косово. На следната средба ќе се разговара и за механизмот за самоуправување на српската заедница на Косово. Пратеничката на Движењето Самоопределување, рече дека механизмот за самоуправување е различен од Асоцијацијата и има други овластувања.
„Направивме максимални напори да зборуваме за нов механизам, различен од Асоцијацијата, а не да ја вратиме дискусијата на минатите договори кои се базираа на моноетничката асоцијација… На средбата на 2 мај во Брисел, договорот што е веќе договорен на состанокот на главните преговарачи за исчезнати лица ќе биде потпишан“, изјави Арбереше Криезиу-Хисени – Самоопределување.
Но, од друга страна, шефот на пратеничката група на АИК, Бесник Тахири, вели дека договорот Косово-Србија не треба да се сведе само на Асоцијацијата.
„Договорот Косово-Србија не треба да се сведе само на Асоцијацијата, бидејќи тоа ќе биде најголемиот ризик. Охридскиот договор мора прво да оди на релизација на основниот договор на принципи“, рече Бесник Тахири, АИК.
Средбата на 2 мај е прва меѓу Курти и Вучиќ, по договорот во Охрид кој се одржа на 18 март за анексот на имплементацијата на договорот меѓу Косово и Србија./Алсат.мк