
Премиерот на Косово Албин Курти денеска, како што е најавено од неговата партија Самоопределување, ќе ги информира членовите на косовскиот парламент за текот на дијалогот меѓу Белград и Приштина. Во рамките на пратеничката група на Самоопределување, како што се дознава, разговарале за зголемување на транспарентноста во процесот и дека постоела согласност строго да се примени одлуката на Уставниот суд на Косово за надлежноста на премиерот да води дијалог со Србија. Шефот на пратеничката група на Демократската партија на Косово, Абелард Тахири рече дека по бројните барања од опозициските партии, премиерот се согласил да го извести Собранието.