ВЕСТИРЕГИОН

Курти: Нема да дозволиме нова Република Српска во Косово

Нема да дозволиме сателитска парадржава со деструктивна суштина која ќе ја поткопа државноста на Косово, изјави косовскиот премиер Албин Курти пред на утрешниот нов состанок со српскиот претседател Александар Вучиќ во Брисел.

Advertisements

Во интервју за хрватската агенција Хина, тој вели и дека нема да дозволи создавање на нова форма на Република Српска на северот на Косово.

Ваквите коментари се во пресрет на презентацијата на нацрт-документот за Заедницата на српски општини (ЗСО) што треба да се случи на утрешниот состанок. Курти вели дека сè уште не го видел нацртот.

Формирањето на ЗСО е една од клучните точки на преговори меѓу Белград и Приштина, тоа е приоритет за српската страна, а беше предвидено со Бриселскиот договор за нормализација на односите од 2013 година.

Косово, пак, се обидува да спречи оваа Заедница да има овластувања како извршна власт.

„Она што нема да го дозволиме е правото на територијализација и создавање на сè што би наликувало на Република Српска во Босна и Херцеговина. Нема да дозволиме сателитска парадржава со деструктивна суштина што ќе ја поткопа државноста на Косово“, вели Курти.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button