
Лидерот на косовската левичарско-националистичка партија Самоопределување рече дека парламентарните избори што се одржаа вчера се референдум со кој на неговата партија и се даде шанса за нов почеток. „Утре започнува нов ден. Оваа голема победа вечерва е само можност да започнеме промена што ја сакаме “, рече Албин Курти, откако според прелиминарните резултати, неговата партија е на пат на убедлива победа.
Курти, кој ја предводеше владата минатата година, која беше симната во март со иницијатива за недоверба, зборуваше на прес-конференција со Вјоса Османи, вршител на должноста претседател на Косово. Според прелиминарните резултати, Самоопределување има 48 проценти, далеку пред Демократската партија на Косово со околу 18 проценти, сега владејачката Демократска лига на Косово со 13 проценти и Алијансата за иднината на Косово со околу 7 проценти.