Курти: Средбата во Охрид има своја симболика, Охрид и Преспа се градови на договорите

Косовскиот премиер Албин Курти во интервју за „360 Степени“ кое се емитува вечерва на Алсат, зборува за утрешната средба со претседателот на Србија, Александер Вучиќ во Охрид. Според Курти, локацијата на средбата ја одредил високиот претставник на ЕУ, но има и своја симболика бидејќи, како што вели, Охрид, заедно со Преспа се познати како градови на договори.
„Утре имаме средба во Охрид, средба на високо ниво со посредство, олеснета од ЕУ. Одлука на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, г-дин Жозеп Борел, е средбата да се одржи во Охрид. Тој ќе ја посети Северна Македонија и бидејќи е соседна земја на Република Косово, како и на Србија и која веќе докажа дека ги трансформира тие блиски градови, односно Охрид и Преспа, во места за договори, верувам дека има и симболично значење што оваа средба ќе ја одржиме во Охрид“, изјави Курти.