ВЕСТИРЕГИОН

Курти: Српските барикади во северно Косово ќе бидат отстранети деновиве – Ако КФОР не го стори тоа, ќе го направиме ние

Барикадите кои локалните Срби ги имаат поставено во северно Косово, на патиштата кои водат кон граничните премини со Србија, ќе бидат отстранети во наредните неколку денови, изјави косовскиот премиер Албин Курти.

Advertisements

Во интервју за босанскиот медиум Истрага.ба, кое го пренесуваат косовските медиуми, Курти порача дека, доколу барикадите не бидат отстранети од мировната мисија на НАТО во Косово, КФОР, како што самата претходно најави, тоа ќе го стори полицијата на Косово.

„Ако тоа не го стори КФОР, ќе го направиме ние. Не може тоа да трае со месеци. Ниту со недели… Само неколку денови“, изјави Курти.

Според косовскиот премиер, барикадите се „само нова епизода“ во сценариото за дестабилизација на Косово, подготвено од властите во Белград.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button