РЕГИОН

Курти: Утрешниот состанок, најважниот проект на ЕУ по Втората светска војна

Косовскиот премиер Албин Курти коментирајќи ја изјавата на претседателот на Србија дека нема да потпише никаков договор во Охрид рече дека без потпис не може да има договор. Но, тој го повтори ставот дека во Охрид партиите треба да изразат надеж и оптимизам за нормализација на односите и дека утрешната средба треба да се сфати посериозно.

Advertisements

„Ја слушнав и оваа изјава дека априори се отфрла потпишување договор во Охрид. Ова не е конструктивен пристап и во исто време мислам дека не покажува посветеност. Треба да ја изразиме нашата надеж и оптимизам за целосна нормализација на односите меѓу Косово и Србија, одржуваме средби на високо ниво, ЕУ посредува што е најважниот политички и економски проект и најважниот процес, историски и геополитички на Европа и би рекол на целиот свет, по завршувањето на Втората светска војна, затоа утрешната средба треба да се сфати многу посериозно. Повторувам дека ќе бидам посветен, конструктивен и креативен и дека ќе одам со добра волја, намера и вера, но секако дека не можам да го гарантирам тоа за другата страна“, изјави Курти.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button