ВЕСТИРЕГИОН

Курти: Владата ќе ги поддржи новите градоначалници на северот во Косово

Косовскиот премиер Албин Курти им честиташе на новоизбраните градоначалници во општините на северот на Косово со порака дека треба посветено да ги извршуваат своите должности и да им служат на сите граѓаните без разлика.

Advertisements

„Владата ќе ги поддржи и ќе им помогне. Институционалниот систем и јавните служби ќе можат подобро да функционираат. За доброто на граѓаните и нивните права“, напиша Курти на својот Фејсбук профил.

Оваа порака од Курти доаѓа еден ден откако на 23 април се одржаа вонредни локални избори во општините со српско мнозинство – Северна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток.

Врз основа на прелиминарните резултати на Централната изборна комисија, кандидатите на движењето Самоопределување, Ерден Атиќ и Љуљзим Хетеми победија во Северна Митровица, односно во Лепосавиќ.

Кандидатите на Демократската партија на Косово Измир Зеќири и Иљир Пеци ќе бидат нови градоначалници во Зубин Поток, односно Звечан.

Српската листа, најголемата партија на Србите во Косово, ги бојкотираше овие избори, на кои присуствуваа околу 1.500 гласачи од над 40.000 со право на глас.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button