ЕКОНОМИЈА
Кузеска: Брзата реакција на Влада спречи ценовен шок

Владејачката СДСМ смета дека со помош на, како што велат, брзата реакција на Владата и мобилизирањето на домашните капацитети за производство на електрична енергија спречиле ценовен шок за граѓаните. Зголемувањето од 9.4 отсто од партијата велат дека е далеку од првичните прогнози од над 25 отсто.
„ВМРО ДПМНЕ на чело со Мицкоски уште еднаш потврдуваат дека ниту се, ниту сакаат да бидат конструктивна опозиција во време на криза. Лажеа во екот на пандемијата од КОВИД 19, лажат и сега. ВМРО ДПМНЕ не мислат и не се грижат за граѓаните, туку свесно ја користат секоја криза, секоја можна прилика, да заработуваат евтини политички поени“, рече Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ.