ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кузеска му порача на Тошковски да се разбуди за пожарите или да биде сменет

Кузеска му порача на Тошковски да се разбуди за пожарите или да биде сменет

„Чувството на граѓаните е дека едноставно Владата се обидува упорно да ја минимизира кризата со пожарите со тоа што тера политичките агенди како ништо да не се случува. Ова е неодговорно и погрешно. Ова потрвдува дека овие функционери не се дораснати за позицијата и дека во секоја следна криза наместо борба гради во гради ние ќе гледаме обиди за пренасочување на вниманието на граѓаните“, изјави на прес-конференција во СДСМ, портпаролката Богданка Кузеска.

Таа додаде дека и покрај сите предупредувања од СДСМ дека се доцни и лошо се координира со кризата, владата на ВМРО-ДПМНЕ доцни со носење одлуки и организација на сите расположливи ресурси.

Advertisements

„СДСМ како одговорна партија не сакаше да долева масло на огнот во кризата и ги остави институциите да ја вршат работата, но сега е јасно дека Владата нема капацитет да се носи со предизвиците и прави погрешни проценки за состојбите. Таа нагласи дека мора да се обезбеди правилно и поефикасно користење на сите ресурси на државата во борба со пожарите и додаде дека СДСМ бара Управувачкиот комитет итно да направи план за распределба на достапните ресурси и превенција на кризните точки. Во моментов не е јасно ниту дали се ангажирани републичките противпожарни сили преку дирекција за заштита и спасување. Доколку не се, потребно е целосно нивно ангажирање како и поголема мобилизација на армиските сили. СДСМ смета дека недоволно и ненавремено се ангажираат армиските сили во поддршка на гасењето на пожарите. Бараме нивно поинтензивно вклучување и поддршка.“, рече портпаролката.

Кузеска го спомена и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

„Министерот или конечно да се разбуди или итно да биде сменет. Не може да гори 5% од територијата, да има изгорени илјадници километри квадратни шума а министерот којшто е надлежен да управува со комитетот за кризи никаде да го нема. Бараме тој целосно да се посвети на управување со кризата и Управувачкиот комитет да е во постојано заседавање или целосно да се повлече, да биде заменет“, рече Кузеска.

Таа рече дека СДСМ ќе остане конструктивна во своите апели и поддршка на институциите со конкретни предлози и дека активистите на партијата членовите на СДСМ ќе бидат на терен со граѓаните секогаш кога е потребна поддршка.

„Потребно е сите заедно да придонесеме што побрзо да се заврши пеколот од кој изгореа над 5% од територијата на земјата“, рече Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button