ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ да номинира претставници и работните групи да започнат со средби

Добро е што се воспостави дијалог и што Христијан Мицкоски јавно соопшти дека не е против уставни измени и прифати учество во заедничка Влада. Сега дијалогот треба да продолжи. СДСМ веќе предложи работна група од највисоки партиски претставници. Сега, на ред е ДПМНЕ да номинира свои претставници и работните групи да започнат со работни средби што е можно поскоро, истакна денеска на прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Advertisements

– Членството во Европската Унија е стратешка цел, врвен национален интерес и секоја партија треба да го даде својот придонес за доброто на земјата и на народот. СДСМ, како одговорна, државотворна партија го предводи евроинтеграцискиот процес. Но, подадовме рака и кон Мицкоски и ДПМНЕ за приклучување кон овој процес, значаен за иднината на земјата, нагласи Кузеска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button