ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ да се извини за навредите кон ЕУ и Германија, дали за нив и Конрад Аденауер се нацисти?

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ да се извини за навредите кон ЕУ и Германија, дали за нив и Конрад Аденауер се нацисти?

“Нервозата кај деструктивната, антиевропската партија ВМРО-ДПМНЕ кулмира, а се манифестира со навреди, говор на омраза и скандалозни споредби во македонското Собрание.

Advertisements

ВМРО-ДПМНЕ ја нарече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, нацист.

Скандалозно, за ВМРО ДПМНЕ Европската унија, нашите пријатели од Германија се нацисти!

Навредливиот речник на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ е за секаква осуда и го урива угледот на државата и на законодавниот дом.

Дали за ВМРО-ДПМНЕ нацисти се и инвеститорите од Германија кои имаат инвестирано милиони евра во нашата татковина?

Зарем за ВМРО-ДПМНЕ Кромберт и Шуберт, Дркселмајер, Гересхајмер кои веќе имаат фабрики во земјава се нацисти?

Или можеби германските фондации, како Конрад Аденауер со која соработува токму ВМРО-ДПМНЕ?

И тие ли се нацисти за ВМРО-ДПМНЕ?

Почитувани, ова е срамно однесување на ВМРО ДПМНЕ и за секаква осуда.

Поддршата од нашите пријатели од Германија и од Еврпската унија е за поздравување и сите сме благодарни за тоа.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да се извинат јавно и да побараат одговорност од нивната пратеничка од Битола.

СДСМ повикува на разум и на рационално и културно однесување со почитување на сите граѓани”, реагира Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button