
La Familia со големо задоволство ги известува своите купувачи дека вчера, 05.07.2023 во Кавадарци на нова локација, ја отвори својата специјализирана продавница.
По речиси еден месец пауза, повторно новите и верните потрошувачи на La Familia Liquor & Gift Shop ќе имаат можност да го почуствуваат врвното шопинг искуство на големиот избор на светски брендови на алкохолни, безалкохолни пијалаци, прехранбени производи, непрехранбени производи како и изработка на уникатни подароци.
Продажниот салон која се наоѓа на улица Илинденска број 115 е тематски ентериерно уреден и е поделен на неколку сегменти – пијалаци (безалкохолни, алкохолни и вина), производи од тутун, пакувани производи, подароци, како и специјализирани секции за свежо цвеќе, книги, грицки, кафе и слични други производи на стоки за широка потрошувачка.
Специјализираната продавница од синџирот на La Familia во Кавадарци е четврта по ред, првата беше отворена во јули 2018 година во Велес, втората беше отворена три години подоцна во центарот на Скопје (во непосредна близина на Универзалната сала), а пред една година се отвори третата специјална продавница која е лоцирана во трговскиот центар „East Gate Mall“.