ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Лабуништа повторно има проблеми со каменоломите

Жителите на струшко Лабуништа велат дека повторно секојдневно се сведоци на градежна механизација, силни детонации и минирање. Пред две и пол години со одлука на Влада беа затворени сите каменоломи во Лабуништа, но тие потоа повторно проработеа.

Advertisements

„Но, најверојатно тоа беше затворање на локалните и парламентарни избори. Ние како друштво и како население, нема да го оставиме ова туку така и повторно ќе се активираме. Нашите институции немаат никаков слух за оваа работа и ова население го имаат тргнато како да не постои во овој свет. Бизнис-интересите се многу поважни и поголеми од интересите на самата населба каде има 9.000 жители“, рече Алим Салоски-претседател на НАТУРА ЛАБ-Лабуништа.

Деновиве жителите поднеле претставки до министерствата за животна средина и економија, но и до Владата, о кои бараат еднострано раскинување на сите договори за вадење камен поради загадување на животната средина, земјоделското земјиште и поради влошување на здравјето на граѓаните. Во меѓувреме респираторните заболувања во овој крај земаат сè поголем замав, а се зголемува и бројот на лица болни од малигни заболувања.

„Во период 2019-2022 година, заклучно со 01.11.2022 година, во ЈЗУ Здравствен дом Вевчани – амбуланта Лабуништа, има вкупно 1.875 заболени од болести на респираторниот систем“, наведуваат од Здравствен дом Вевчани.

Жителите на селото се чувствуваат излажани од властите.

„Имаше договори да се сретнеме со градоначалникот на Струга и со министерот за економија, кој многу ветуваше. Но, до таква средба не дојде бидејќи знае до кој степен се работите…“, рече Алим Салоски, претседател на НАТУРА ЛАБ-Лабуништа.

Од Министерството за економија за Алсат уште во септември рекоа дека за одземените концесии на фирмите МИ-ТРАНС, АМ-ИС ТРАНС и ВЛАШИ, Управниот суд донел пресуди со кои се поништиле одлуките на Владата за раскин на договорите.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button