ВЕСТИРЕГИОН

Лајчак денеска на средба со Курти во Приштина

Специјалниот претставник на Европската Унија за дијалог меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак денеска во Приштина ќе се сретне со косовскиот премиер, Албин Курти, соопшти Владата на Косово.

Според информациите, се очекува теми на дискусија да бидат подготовките за средбата на претставниците на Приштина и Белград на највисоко ниво и натамошен напредок во процесот на дијалог за нормализација на односите.

Вчера,  Лајчак во Белград разговараше со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

По средбата со претставникот на ЕУ, Вучиќ најави дека разговарале за последните настани на Косово и за проблемите со кои се соочуваат, како што рече, Косовските Срби поради „едностраните и нелегитимни потези на Приштина“.

Мирослав Лајчак дојде во Белград откако Србија силно ја критикуваше одлуката на косовскиот премиер Албин Курти да го назначи Ненад Рашиќ, лидер на Прогресивната демократска партија, на функцијата министер за заедници и враќањето на косовски Срби во Владата на Курти.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button