ВЕСТИРЕГИОН

Лајчак на разговори во Приштина и Белград

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак, денеска треба да гo посети Белград. Тој по вчерашните разговори во Приштина со косовскиот премиер Албин Курти изјави дека најдобар начин за отстранување на барикадите на северот на Косово е преку политички договори, а не со булдожери. „Јас сум дипломат, за мене најдобриот начин за отстранување на барикадите е преку политички договори, а не со булдожери“, изјави Лајчак и додаде дека со Курти имал долг разговор во друштво на американскиот пратеник Габриел Ескобар. До посетата на Лајчак на Белград и Приштина доаѓа ден пред самитот на лидерите на ЕУ.

Advertisements

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел претходно изјави дека на тој самит лично ќе ги информира лидерите на ЕУ за ситуацијата на Косово.

„Последните инциденти потврдуваат загрижувачка спирала во односите што носи штетни последици за народот на Косово, Србија и регионот, рече Борел, додавајќи дека моменталната ситуација на Косово е неприфатлива и затоа од земјите членки на ЕУ побарал, доколку е потребно, да ги зајакнат своите сили во рамките на ЕУЛЕКС.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button