
Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог Србија – Косово, Мирослав Лајчак на 11 мај во Приштина се сретна со косовскиот премиер Албин Курти.
Се очекува Лајчак по посетата на Косово да замине за Белград, каде ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Оваа посета на Лајчак доаѓа по средбата на двајцата лидери во Брисел како дел од дијалогот на високо политичко ниво на 2 мај. Тогаш беше усвоена Декларацијата за исчезнати лица, а Управувачкиот тим го презентираше Предлог-статутот за формирање на Заедница на општини со српско мнозинство.