ВЕСТИРЕГИОН

Лајчак во Косово, се сретна со Бислими

Претставникот на Европската Унија (ЕУ) за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, престојува во Приштина, каде што се сретна со Бесник Бислими, вицепремиер и главен преговарач на Косово во техничкиот дијалог со Србија.

Advertisements

Како што соопштија од Владата на Косово, Бислими со Лајчак ќе разговара за спроведувањето на Основниот договор, кој двете страни го прифатија минатата година на предлог на ЕУ.

Договорот за нормализација, кој на страните им го предложи ЕУ, меѓу другото предвидува меѓусебно признавање на државните симболи, како и почитување на територијалниот интегритет и обезбедување на одредено ниво на самоуправување за српската заедница во Косово.

Иако овој договор не е потпишан, ЕУ во неколку наврати спомена дека е правно обврзувачки и за Косово и за Србија. Од Владата на Косово не соопштуваат дали Лајчак ќе се сретне со друг косовски функционер, ниту дали има други теми на маса.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button