Лани 2000 медоицински сестри заминале од земјава
Лани 2000 медоицински сестри заминале од земјава

Меѓународната недела на медицинските сестри ги затекнува сестрите занемарени од здравствениот систем. Само минатата година околу 2000 медицински сестри заминале во европските земји во потрага по подобри услови, а оваа бројка годинава се очекува да биде уште поголема. Ниските плати, немањето напредок во кариерата, одговорноста за животот на пациентите, како и екстремно долгото работно време се дел од секојдневните предизвици со кои се соочуваат медицинските сестри. Од Здружението на медицински сестри “За нас” велат дека немаат министер за здравство кој ги претставува.
Хамдије Фетаху, медицинска сестра која работи во клиниката „8 Септември“, вели дека е тешко да се справат со големиот наплив на пациенти, бидејќи имаат недостиг од медицински персонал. Таа вели дека во одделението каде што работи, две медицински сестри се грижат за 35 пациенти дневно.
„Работата како медицинска сестра е многу стресна затоа што има голема одговорност, станува збор за животот на пациентите, а и работното време е продолжено, работиме по 12 часа на ден. Еден работен ден на една медицинска сестра зависи каде се наоѓа – ако е на оддел е едно, ако е во амбуланта е друго, така што се работи за голема жртва, но и среќа, бидејќи ние правиме сѐ за да им го обезбедиме потребното на пациентите“, рече Хамдије Фетаху, медицинска сестра.
Од Здружението на медицинските сестри велат дека институциите презеле мерки за грижа за менталното здравје на медицинските сестри дури по трагедијата во Кочани. Беше формиран тим од психолози за да им помогне. Во моментов, многу медицински сестри се на боледување, откако поминаа низ исклучително напорен физички и психички период по трагедијата во Кочани./Алсат.мк
Линда Ебиби