ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Лани беше против, но сега ДУИ се согласува да се укине Пржинската Влада

Лани беше против, но сега ДУИ се согласува да се укине Пржинската Влада

ДУИ сега бара да се укине моделот на техничка влада иако една година претходно не беше постигнат консензус за ваква законска иницијатива поднесена до Собранието од ВМРО-ДПМНЕ. Иницијативата на партијата на Мицкоски за укинување на т.н. Пржинска влада која има мандат од 100 дена пред секои парламентарни избори никогаш не беше ставена на дневен ред на почетокот на 2022 година поради немање политички консензус. Артан Груби сега вели – ќе се откажеме и од тоа само да не се создаваат пречки за формирање на проширената влада за која зборуваа Ковачевски и Мицкоски.

Advertisements

„Покрај подготвеноста да ја напуштиме Владата, ги понудивме и нашите оставки, ги отстранивме сите други услови, а сега денеска пред вас барам и бесмислената техничка влада од Пржино да се тргне од Законот за Влада за да не биде пречка во иднина“, изјави Артан Груби, ДУИ.

Ако Пржинската влада биде избришана од Законот, тогаш се доведува во прашање договорот за прв премиер Албанец. Најголемите партии веќе се договорија дека ваквата влада е нефункционална и треба да се укине. Оливер Спасовски беше последниот технички премиер во 2020 година.

Претходно во една дебата и поранешниот премиер Зоран Заев и Мицкоски се согласија дека се против Пржинската Влада.

Овој модел на привремено владеење, со министри и од опозицијата пред секој изборен циклус за да се обезбеди доверлив и сигурен изборен процес, беше за првпат воведен во 2016 година, односно пред изборите кои следуваа откако СДСМ ја објави аферата со прислушуваните разговори.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button